Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар не загуби во Веспрем, но ги заврши настапите во ЛШ
Вардар не загуби во Веспрем, но ги заврши настапите во ЛШ

Вардар не загуби во Веспрем, но ги заврши настапите во ЛШ

Вардар со нерешен резултат ги заврши настапите во 1/8 финалето од Лигата на Шампионите. Вечерва се одигра реваншот во Веспрем, натпревар кој заврши со нерешен резултат 31:31.

Вардар имаше само едно и единствено водство на натпреварот, и тоа во првата минута кога Дибиров го отвори резултатот. Домашната екипа благодарение на две одбрани на Коралес поведе со 4:2, додека по 11 минути игра имаа три гола разлика, откако Ненадиќ зголеми на 6:3. Светла точка во нашиот состав беше Мартин Томовски кој по првиот дел имаше 6 успешни интервенции. Веспрем го контролираше резултатот и постојано беше во предност од 3-4 гола разлика. Ние на моменти стигавме до два гола негатива, но противникот пред крајот на првиот дел имаше и највисока предност од 6 гола. На полувреме се замина со резултат 18:13.

Веспрем ја одржуваше позитивата од пет гола разлика и после 40 минути игра. На голот се разбрани и Цупара, откако му одбрани пенал на Стоилов, додека шанса за нас на голот доби и младиот Гогов кој веднаш стигна до одбрана. Со голот на Тото во 47 минута, Вардар успеа да намали на три гола разлика (26:23). Гогов ги користи минутите на теренот и веќе ја забележа четвртата одбрана, а домашниот тим се уште одржуваше предност од 3-4 гола разлика. Благодарение на осум веќе одбрани на Гогов, Вардар се врати во натпреварот и со голот на Додиќ го израмни резултатот на 29:29 на три минути пред крајот. Вардар се избори за нерешен резултат 31:31, но не доволно да се продолжи понатаму.

Вардар на тој начин ги заврши настапите во ЛШ за сезонава. Најефикасни кај нас беа Моралес со шест и Кевин Њокас со пет голови, додека Гогов имаше осум одбрани.