Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дејвис: Ремито многу ни значи – Стоилов: Овој резултат може да биде чекор напред за нас
Дејвис: Ремито многу ни значи – Стоилов: Овој резултат може да биде чекор напред за нас

Дејвис: Ремито многу ни значи – Стоилов: Овој резултат може да биде чекор напред за нас

Вардар достојно се прости од настапите во Лигата на Шампионите за оваа натпреварувачка сезона. Вечерва на реваншот во Унгарија, Веспрем и Вардар одиграа со нерешен резултат (31:31), но поради поразот од осум гола на првиот натпревар одигран во Јане Сандански, Веспрем е екипата која се пласира во следната елиминациска рунда.

После завршување на натпреварот, на прес-конферецијата своите впечатоци ги споделија Давид Дејвис и Стојанче Стоилов:

„Најпрво честитки за Илиќ за пласманот во четвртфиналето. Многу среќа понатаму. Честитки за Веспрем, тука бев две и пол години и им посакувам се најдобро. Исто и за мојот тим затоа што знам дека тука е никогаш не е лесно да се игра. Иако губевме по првото полувреме, ние продолживме да играме и да растеме. Имаме уште важни натпревари. Среќен сум поради резултатот, да одиграш нерешено со Веспрем не е лесно. Иако за нив можеби ремито е неважно, за нас е многу. Исто и благодарност до навивачите кои дојдоа тука со нас, истакна Дејвис.

„Сакам да кажам најпрво благодарност за нашите навивачи кои дојдоа тука и покрај нашиот пораз во Скопје. Околу натпреварот, тука дојдовме со осум гола негатива, ама со желба да се бориме и да го прикажеме најдоброто. Се надевам дека успеавме да го направиме тоа по вкус на тренерот. Имавме добри голмани. Не е лесно вака да се одигра натпревар, посебно кога ќе загубиш со осум гола на домашен терен. Овој резултат може да биде чекор напред за нас во битката на домашната сцена која следи, изјави Стоилов.