Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кликовац за Вардар Фанс: Доколку сакаме да победиме мораме да одиграме многу подобро отколку на првиот натпревар
Кликовац за Вардар Фанс: Доколку сакаме да победиме мораме да одиграме многу подобро отколку на првиот натпревар

Кликовац за Вардар Фанс: Доколку сакаме да победиме мораме да одиграме многу подобро отколку на првиот натпревар

Вардарки во недела го играат решавачкиот натпревар за првото место на табелата во групата Б. Нашите девојки гостуваат во Унгарија на екипата на ФТЦ Будимпешта. Познато е дека првиот меч одигран во С.Ц. Јане Сандански заврши со нерешен резултат 27:27, иако во најголем дел од натпреварот имавме водство. После тој дуел дојде до смена на тренерското место. Клубот се заблагодари на Индира Кастратовиќ за досегашните успеси во изминатите три сезони, по што беше прекината соработката. Екипата во наредните три натпревари забележа исто толку победи и најави дека повторно целта на Вардар е европската титула. Веќе имаме и нов тренер, во името на Давид Дејвис кој дебитираше со победа на претходниот меч со Астраханочка. Полека во играчка форма се враќа и столбот на нашата одбрана, Андреа Кликовац која имаше мали проблеми со повреда на стартот од сезоната. Таа за нашиот сајт ги сподели очекувањата од овој натпревар, со надеж дека екипата ќе стигне до нова победа.

-Секако дека не очекува тежок натпревар, играме на гостински терен а со самото тоа мораме да одиграме многу подобро, отколку на првиот натпревар. Сега имаме нов тренер и нов систем, влеговме во победнички ритам, а за тоа да продолжи мораме да дадеме максиум и да одиграме добро во одбраната. Мораме да го испочитуваме договореното од соблекувалната, бидејќи само така можеме да стигнеме до триумф. Имав здравствени проблеми кои веќе ги решив и се минато. Добро се чуствувам и сигурна сум дека љубителите на ракометот повторно ќе уживаат во нашите одлични  игри, во кои јас ќе бидам онаа старата, изјави Кликовац за нашиот сајт.

Звонко Ивановски