Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > СЕХА прашува ? кој е вашиот фаворит за трофејот на Ф4 турнирот во Задар
СЕХА прашува ? кој е вашиот фаворит за трофејот на Ф4 турнирот во Задар

СЕХА прашува ? кој е вашиот фаворит за трофејот на Ф4 турнирот во Задар

Претстојниов викенд на програмата требаше да биде завршниот турнир во СЕХА-лигата. Истиот требаше да се одигра во Задар, по кој ќе го дознавме и победникот во деветтата сезона на ова натпреварување.

На својата официјална страна, медија тимот на СЕХА-лигата прашува кој е вашиот фаворит за Ф4 турнирот кој ќе се одигра во Задар. Претходно Вардар стануваше шампион на Ф4 турнирите кои се играа на два пати во Брест, потоа Скопје, Загреб и Нови Сад. Веспрем на два пати се радуваше на трофејот, кога завршниот турнир се одржуваше кај нив и во Вараждин, додека Загреб ја освои СЕХА-лигата во втората сезона, кога домаќин на Ф4 турнирот беше токму Вардар и градот Скопје.

Се уште е неизвесно кога ќе се одржи Ф4 турнирот во Задар, на кој се пласирани екипите на Брест Мешков и ППД Загреб, додека Вардар и Веспрем се многу блиску до пласман на истиот, откако треба и на домашен терен да покажат дека се подобри од Нексе, односно Војводина.