Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Кадетите и младинците на Вардар најдобри Фер Плеј екипи, пионерските котираат лошо
Кадетите и младинците на Вардар најдобри Фер Плеј екипи, пионерските котираат лошо

Кадетите и младинците на Вардар најдобри Фер Плеј екипи, пионерските котираат лошо

Кадетите и младинците на фудбалскиот клуб Вардар можат да се пофалат дека се на првото место, на Фер Плеј листата во своите категории.

Големата дисциплина во играта им донесе лидерско место на вардаровите кадети. Оваа генерација може да се пофали со податокот и дека после 16 одиграни кола не доби ниту едно исклучување, а има вкупно 17 жолти картони.

Младинците на Вардар се исто така најдобра Фер Плеј екипа во лигата, без ниту еден црвен картон и со 21 доделени жолти картони за оваа генерација.

Пионерските екипи не стојат баш добро на оваа листа. Така, помладите пионери се наоѓаат на 8.место од вкупно 10 екипи. Оваа генерација на 16 одиграни мечеви заработила вкупно 25 жолти картони, како и еден црвен.

Најлошо стојат пионерите кои се на претпоследното место на Фер Плеј листата. Оваа екипа на Вардар доби дури 31 жолт картон, како и 5 црвени картони. Ова покажува дека дисциплината не е најака страна на оваа генерација, која до крајот на сезоната ќе води голема борба со Акад.Пандев за титулата.