Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Финалето меѓу Вардар и ПСЖ доби најмногу гласови во анкетата на „Скај Спорт“
Финалето меѓу Вардар и ПСЖ доби најмногу гласови во анкетата на „Скај Спорт“

Финалето меѓу Вардар и ПСЖ доби најмногу гласови во анкетата на „Скај Спорт“

Во период кога нема ракометни возбудувања во Лигата на Шампионите, спортскиот канал Скај Спорт во Германија изнесе четири натпревари на кои гледачите можеа да гласаат кој дуел да се емитува на телевизијата.

Убедливо најмногу гласови, или 62% доби големото финале од 2017 година, меѓу екипите на Вардар и ПСЖ, кој му припадна на нашиот шампион, за кој беше прв трофеј во Лигата на Шампионите. Победникот беше решен во последните секунди, кога победничкиот гол го постигна Иван Чупиќ.

На второто место, со ист број на гласови се најдоа финалните дуели од 2015 и 2019 година, меѓу Барселона и Веспрем, односно Вардар и Веспрем, кога црвено-црните и по втор ја покорија Европа. Најмалку гласови доби финалето од 2018 година, меѓу Нант и Монпелје.

glasanje-sky-sport

Ова значи дека, Вардар и натаму е популарен во Европа и дека нивните мечеви уживаат најмногу гледаност.