Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кокшаров и Димитриоски: На мечот со Татран ќе ја потврдиме првата позиција
Кокшаров и Димитриоски: На мечот со Татран ќе ја потврдиме првата позиција

Кокшаров и Димитриоски: На мечот со Татран ќе ја потврдиме првата позиција

Дуелот против Татран е последна за оваа година за Вардар на домашен терен, а претпоследна во СЕХА со оглед на тоа што останува уште гостувањето кај тимот на Нексе. Средбата против Татран се игра во понеделник од 20:15 часот. По тој повод денес се црвено-црните имаа прес конференција.

Ја исполнивме целта и се пласиравме во четврт-финалето. Нашата цел беше и да бидеме први во групата. До крајот на групната фаза имаме уште две средби и потребно е да освоиме три бода и сметам дека можеме да го направиме тоа. Во моментов тоа е нашата цел и очекувам да ја исполниме- изјави Едуард Кокшаров.

Ова ни е последниот натпревар годинава на домашен терен. Сакаме да го дадеме нашиот максимум на оваа средба и со победа да ја завршиме оваа година на домашен терен. Ние секогаш одиме да го дадеме максимумот и да се дојдеме до нов триумф за првото место во групата-вели Димитар Димитриоски.