Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кокшаров: Целта беше да се подготвиме за мечот од ЛШ и да ги одмориме главните играчи
Кокшаров: Целта беше да се подготвиме за мечот од ЛШ и да ги одмориме главните играчи

Кокшаров: Целта беше да се подготвиме за мечот од ЛШ и да ги одмориме главните играчи

Четврта победа за Вардар во СЕХА-лигата, втора во дуелите со екипата на Пекинг Спорт Универзитет. Нашиот шампион немаше проблеми да стигне до нов триумф, иако настапи со комбиниран состав, шанса добија младите ракометари кои ја искористија на најдобар можен начин, вратија со добра игра и голем број на погодоци. Вардар славеше со резултат 28:36 на мечот кој се одигра во Загреб.

На прес-конференцијата после завршување на мечот, пред медиумите се обрати тренерот на Вардар, Едуард Кокшаров, за кој ова беше прв триумф како предводник на црвено-црните.

-Целта пред овој натпревар беше да се подготвиме што е можно подобро пред мечот во Лигата на Шампионите и да им дадеме одмор на нашите клучни играчи. Што се однесува до Пекинг Спорт тие играат се подобро и подобро и мислам дека ќе бидат подобар тим до крајот на сезоната.

Пелко, заедно со Ќосевски беа нашите најдобри стрелци на овој меч.

-Натпреварот го започнавме со нашите најдобри играчи, кои ги имавме на располагање за овој дуел, што доприносе да имаме двоцифрена предност после завршување на првото полувреме. Во вториот дел шанса добија и помладите играчи кои ги покажаа своите квалитети. Го држевме Пекинг на разлика и лесно го приведовме мечот до крај.