Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар го пречекува ЖРК Ѓорче, шанса за враќање на победничките патеки
Вардар го пречекува ЖРК Ѓорче, шанса за враќање на победничките патеки

Вардар го пречекува ЖРК Ѓорче, шанса за враќање на победничките патеки

Викендов на програмата во женската ракометна Супер лига е следното, осмо коло од сезоната 2019/2020. Во истото женскиот ракометен клуб Вардар ќе биде домаќин на ривалот од западната страна на градот, РК Ѓорче.

По поразот во Чаир кај истоимениот женски тим следи натпревар кој ни е шанса за враќање на победничките патеки. Во првите пет дуели имавме максимални 15.бода, потоа дојде неочекуваниот пораз кај чаирчанки. Вардар е фаворит во соочувањето со тимот Ѓорче Петров. Противникот досега успеа да освои само три бода во оваа сезона.

Натпреварот е закажан за во недела, 3.ноември со почеток во 14-00 часот. Истиот ќе се игра во малата сала при СЦ “Јане Сандански“, судиската правда ќе ја делат Марија Илиевска и Силвана Карбеска од Скопје.