Вардар во недела гостува кај Колдинг, разликата помеѓу данскиот тим и нашиот црвено-црн шампион веќе по 4 кола во најквалитетната лига е очигледна. Вардар е на врвот со максимален број победи , а домаќинот е “фенерџија“ на табелата без успех досега. Директорот на данците Јенс Босен за дански -“sporten.tv2.dk“ дава свое видување на силата на нашиот шампион полно со пофалби. Тој во својата изјава меѓудругото вели:
-Вардар е македонски тим кој е ракометна велесила во Европа, по моја проценка тоа е тим кој е во најдобрите пет екипи во Европа оваа сезона. Тој ги пофалува имињата кој се дојдени како засилување истакнува дека Лацковиќ е дојден од како му помогнал на Хамбург да биде шампион на Европа, дека голманското место е резервирано за засилувањето од Барселона Арпад Штербик.
Исто така се осврнува и на руските засилувања Горбак од Рајн-Некар и ѕвездата на рускиот ракомет Дибиров, а не помалку го цени и Душебаев за кој вели дека е голем талент. Посебен осврт во своето излагање и комплименти има за Раул Конзалез кој донел шпански шмек во играта на црвено-црните. Босен проценува дека да се игра со Вардар е како да се спротиставиш на Барселона, Кил, Веспрем…- Вели директорот на Колдинг Босен.