Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Прес Жрк Вардар: Ѓер е посилен од лани, но ние сме Вардар идеме на победа во сабота
Прес Жрк Вардар: Ѓер е посилен од лани, но ние сме Вардар идеме на победа во сабота

Прес Жрк Вардар: Ѓер е посилен од лани, но ние сме Вардар идеме на победа во сабота

Жрк Вардар предмалку одржи пресконференција пред дебитанскиот дуел годинава за  црвено-црните девојки во ЕХФ Лигата на шампионките. На истиот беа присутни Гордана Нацева претседателката на клубот, шефот на стручниот штаб на вардарки Индира Кастратовиќ  и црнагорската интернационалка во нашите редови Јованка Радичевиќ. Вардар фанс ви ги пренесува изјавите на нашите девојки од прес-конференцијата :

-Во сабота почнува лигата на шампионите, не очекува тежок противник. Амбициите на Вардар како и секогаш се самиот европски врв. Се надевам во третата сезона ќе играме и ќе го освоиме финалето на ЛШ. Кога можевме како дебитанти да идеме на Ф-4 зашто годинава да не го освоиме истиот. Имавме две различни сезони првата како дебитан голем успех за нас беше пласманот на Ф-4, а ланската сезона беше различна со многу проблеми, но успеавме да стигнеме повторно на завршниот турнир. Многу ракометни експерти очекуваат од нас ,а ние се надеваме дека годинава ќе ја освоиме европската титула. Екипата е целосно подготвена, хендикеп е немањето квалитетни мечеви, ама со пријателски мечеви го надминуваме тоа. Не чека посилен Ѓер од лани атакуваме на првото место во групата и на Ф-4- изјави Нацева.

Се надевам дека како што денес е полна прес-салата и во сабота ќе биде полна салата во која ќе играме, ги повикувам сите навивачи на Вардар во сабота да не бодрат во Јане Сандански, бидејќи девојките заслужуваа добра атмосфера како и машките вадарци. Ѓер е многу посилен годинава со новите имиња во својот состав, тие се екипа за респект. За нас е проблем што ова е прв тежок натпревар сезоната, но работевме многу напорно за овој прв дуел.- рече Индира.

Мислам дека со нестрливост ја дочекавме новата сезона и таа сабота која конечно дојде, а личеше дека е могу далеку кога почнаа подготовките. Имавме напорни подготовки за сезонава, и овој меч сега не чека појак Ѓер за разлика од лани по моја процена. Противниците имаат тим за респект ама Вардар е квалитетен тим кој може да се спористави. Нивната предност е нивната домашна лига и мечевите недела-среда каде ја подигаат формата. Се надевам на полна сала  каде се надевам на стартот ќе победиме што многу ќе ни значи за понатамошниот тек од Л.Ш. Мојата повреда е минато спремна сум за во сабота- изјави Радичевиќ.