/
Ракометарите на Вардар одиграа добар натпревар и ремизираа во Унгарија кај Веспрем за збогување оваа сезона од Лигата на шампионите. ,,Комитите” беа со својот тим и на ова гостување, а објавија и краток текст за гостувањето, но и за тоа на што треба сега да се стави акцент.
.
Честа е одбранета !
Веспрем 31 – 31 РК Вардар !
.
Комитската песна се слушаше во Унгарија. Ги виде Веспрем Вардаровите фанатици !
Достојно се збогуваме со Европа за оваа сезона, и главниот акцент може да се стави на титулата и купот во домашното првенство.