Надежите на македонската фудбалска репрезентација до 17 години го одиграа и вториот контролен натпревар со соодветената селекција на Црна Гора.
Избраниците на Тони Јакимовски вратија на идентичен начин за првиот пораз (0:3) и денес успеаа да ја победат Црна Гора со истиот резултат (3:0).
За овие контролни натпревари, селекторот повика и тројца играчи од редовите на Вардар. На првиот натпревар во стартните 11 се најдоа Никола Величковски и Марко Стојилевски и Симеон Здравковски, додека денес во првиот состав беа Стојилевски и Здравковски, додека Величковски влезе во игра во вториот дел од овој натпревар.