Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > МАЕСТРО ТИМУР: 660 гола за Вардар во Лигата на шампионите, нека продолжи и понатаму!
МАЕСТРО ТИМУР: 660 гола за Вардар во Лигата на шампионите, нека продолжи и понатаму!

МАЕСТРО ТИМУР: 660 гола за Вардар во Лигата на шампионите, нека продолжи и понатаму!

Евопската сезона за вардарци заврши вчера откако одиграа добар натпревар и не загубија во Унгарија кај тимот на Веспрем (31-31).

Во овој момент не сакаме ни да помислиме дека вчерашниот последен гол на Дибиров беше воедно и последен во дресот на Вардар во Лигата на шампионите, бидејќи Тимур Дибиров мора да остане во Вардар и тука да ја заврши својата професионална ракометна кариера. Тимур остави голем, голем позитивен траг во историјата на нашиот клуб, па токму и затоа заслужува тука да ја заврши играчката кариера.

Кога ќе се вратиме сезони наназад, кога ќе ги погледнете сите бројки на Дибиров низ сезоните, ќе сфатиме дека се работи за вистинска ракометна икона на Вардар. Ниту еден играч во историјата на клубот не може да се пофали со следните бројки на голови…

ГОЛОВИ НА ДИБИРОВ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ ЗА ВАРДАР:

2013/2014 – 72

2014/2015 – 78

2015/2016 – 78

2016/2017 – 71

2017/2018 – 70

2018/2019 – 78

2019/2020 – 69

2020/2021 – 69

2021/2022 – 75

** 680 погодоци во Лигата на шампионите за РК Вардар. Еден и единствен, Тимур Дибиров!