Во рамки на 8.коло од плеј-офот, денес девојките на Ристова и Царчев гостуваа во Битола кај тимот на Пелистер. Девојките на ЖРК Вардар иако без неколку клучни повредени играчи како А-репрезентативките Џатевска и Миновска, потоа и средниот бек Галевска доминираа во сите аспекти на ракометната игра. Победата не беше доведена во прашање, водевме од првата до последната минута, триумфиравме со резултат 22-35 (8-19).
Отворивме добро со погодоците на Трпевска Ивона, Дамјаноска Катерина и Коцева Борјана чии голови донесоа предност од 0-3. Девојките на Ристова и Царчев успеаа да го контролираат дуелот, постојано беа „два чекора“ пред противникот, од минута во минута зголемувајќи ја предноста. На одмор заминавме со двојно повеќе погодоци од противникот, за време на паузата беше 9-18 за црвено-црните дами.
Вториот дел со погодоците на Коцева Борјана и Дамјаноска Катерина која денес беше најефикасна, со нивните голови отидовме прв пат на двоцифрена предност, поведовме со 9-20. Ние го контролиравме дуелот, речиси целиот ростер доби прилика, девојките одлично одржуваа ритам како и стартерите, победата дојде со 13.гола повеќе. Ние триумфиравме со резултат 22-35.
Најефикасна во нашиот тим беше пикерот, Катерина Дамјановска со осум гола, а ја следеа капитенот Диневска Бојана со шест и Борјана Коцева со пет, крилото Трпевска Ивона погоди во четири наврати, две девојки имаа „3ки“, бековите: Максимовска Наталија и Стојановска Михаела.
Кај голманите Илиќ сопре 11.удара потоа го препушти местото на младата Ѓорѓиевска Вероника, таа одбрани 6.топки за 20.минути.