Победи во текот на вчерашниот ден од 6.коло во ракометната „Јуниор Лига“ забележаа и екипите на урдаревски.
Во последниот натпревар од машкиот дел, кај генерацијата родени 2006/07 година се сретнаа екипите на Делчево и Урдаревски, натпревар кој им припадна на скопјани, кои славеа со резултат 14:26. Од самиот старт на мечот, тимот на Урдаревски имаше предност и немаше поголеми проблеми за истата да ја зачува и до крајот на натпреварот. Започнаа со два гола во серија, за во следните минути да зголемат и на 2:5. Намали за момент тимот на Делчево, но следеше серија на Урдаревски од 0:4, за највисоки пет гола позитива (4:9). На полувреме имаа и наголеми шест гола предност (5:11).
И во второто полувреме растеше водството во корист на Урдаревски, на стартот беше 5:13, а по три минути игра имаа и двоцифрена предност од 6:16. Немаше неизвесност, до крајот на натпреварот, рутинска победа за Урдаревски изразена со резултат од 14:26.
Еден натпревар се одигра и кај генерацијата 2004/05, на кој екипата на РК Филип беше убедлива во дуелот со Ангели. На стартот, избраниците на Таневски се одлепија на водство од 0:4, кое не го испуштија ниту во еден момент. Како одминуваше првиот дел, растеше позитивата во корист на Филип, кои на полувреме имаа висока предност од 4:12.
Не се променија работите, ниту во второто полувреме, што се однесува до екипата која имаше контрола на резултатот. Стигна и двоцифрената предност од 5:15, а до крајот на дуелот, Ангели постигнаа само четири голови, наспротив 8-те на РК Филип, кој издвојува победа со резултат 9:23.
Еден меч се одигра и во женскиот дел, кај генерацијата родени 2006/07 година, на кој победа издвојува екипата на Делчево во дуел со Драчево.
Екипата на Делчево во првиот дел имаше постојано предност, но истата не беше поголема од два гола, сепак на полувреме ниту една од екипите не беа во позитива, односно резултатот беше израмнет на 9:9. Во вториот дел, избраничките на Велков направија серија од 0:3 и за прв пат имаа ваква позитива (9:12). Истата ја одржуваа до крајот на мечот, па победија со резултат 14:16.