Monday ,06 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Комплетни резултати и табели кај момците во ракометната Јуниор Лига по 6.коло
Комплетни резултати и табели кај момците во ракометната Јуниор Лига по 6.коло

Комплетни резултати и табели кај момците во ракометната Јуниор Лига по 6.коло

Минатиот викенд на 24 и 25 февруари, момчињата во СЦ Кале ги одиграа натпреварите од шестото коло од Вардар Јуниор лигата. На распоредот беа мечеви во категориите 2002/03, 2004/05 и 2006/07, како и натпреварите во мини ракомет за најмладите учесници родени 2008 година и помлади.

Кај  генерацијата 2006/07 во машка категорија победници на одиграните мечеви од шестото коло беа тимовите на Ангели Вардар, Урдаревски Вардар и Бисинов Вардар. Викендов се одиграа и двата одложени натпревари од петтото коло на бодови освоија тимовите на Урдаревски Вардар и на Драчево Вардар. На крајот шестото коло, на табелата нема промени и Бисинов Вардар останува на првата позиција.

* Билтен за генерација 2006/07: 6_kolo_maski_2006-07.docx

Кај генерацијата 2004/05,  Илинден Вардар се одржува на врвот од листата со подобра гол разлика од Карпош Вардар. Двете екипи имаат по максимален број на бодови, односно имаат по шест победи од одиграни шест кола. На последното коло во оваа категорија, покрај Илинден Вардар и Карпош Вардар, победи забележаа и екипите на Ангели Вардар, Балтепе Вардар и Урдаревски Вардар.

* Билтен за генерација 2004/05: 6_kolo_maski_2004-05.docx

Кај момчиња родени 2002/03 година, се одложи натпреварот меѓу Преспа Вардар и Балтепе Вардар, додека Кале Вардар и Општина Кисела Вода Вардар одиграа нерешено. Урдаревски Вардар беше подобар од Бисинов Вардар со 24 -17. Викендот се одигра и одложениот меч од 4. коло меѓу Урдаревски Вардар – Бисинов Вардар, што заврши со резултат 20 – 19. Кај оваа генерација Кале Вардар се одржува на првата позиција на табелата, а зад него се Урдаревски Вардар и Преспа Вардар.

* Билтен за генерација 2002/03: 6_kolo_maski_2002-03.docx