Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јуниор лига: Девојките на Кале Вардар на врвот на табелите, комплетни резултати и пласман по 6.коло
Јуниор лига: Девојките на  Кале Вардар на врвот на табелите,  комплетни резултати и пласман по 6.коло

Јуниор лига: Девојките на Кале Вардар на врвот на табелите, комплетни резултати и пласман по 6.коло

Во викендот кој е зад нас во рами на ракометната Вардар Јуниор лигата се одигра шестото коло. Истото се играше за време  на викендот 24 и 25 феваруари  во СЦ Кале. Во женска конкуренција се одиграа натпревари во категориите 2004/05 и 2006/07, како и мини ракомет натпревари за децата родени 2008 и помали.

Шесто коло внесе мали промени на табелата во категоријата 2004/05 во женска конкуренција. Со еден одигран натпревар повеќе Вардар Виница се искачи на првата позиција, откако екипата на Кале Вардар во 6 коло беше слободна. Победници во шестото коло беа екипите на Вардар Виница, Општина Кисела Вода Вардар, Вардар ДБ, додека мечот меѓу Делчево Вардар у Асови Вардар беше одложен.

* Билтен за категоријата 2004/05 жени: 6_kolo_2004-05_zeni.docx

Во дуелите во рамки на  категоријата 2006/07 Кале Вардар го победи Делчево Вардар со 22 – 9, мечот меѓу Ново Лисиче Вардар и Општина Кисела Вода Вардар беше одложен. Кај оваа генерација нема промени во табелата и Кале Вардар останува на првата позиција.

* Билтен за категоријата 2006/07: 6_kolo_2006-07_zeni.docx

Вообичаено и во ова коло најмладите членови на Ракометната академија Вардар одиграа натпревари во мини ракомет, но за момчињата и деввојките родени 2008 година и помлади не се подготвува ранг листа, а натпреварите се играат под мотото – битно е да се учествува, а победници се сите учесници. Во оваа категорија се ира во мешани тимови, а целта е преку мини ракомет натпреварите децата да се запознаат со спортот и да го засакаат.