Tuesday ,29 September 2020
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Горбок: Со Вардар во идната сезона ќе имаме високи цели, среќен сум што се враќам во Скопје
Горбок: Со Вардар во идната сезона ќе имаме високи цели, среќен сум што се враќам во Скопје

Горбок: Со Вардар во идната сезона ќе имаме високи цели, среќен сум што се враќам во Скопје

Вардар ги има моментално двете руски крила,  Тимур Дибиров и Данил Шишкарев, а од  следната сезона се очекуваат уште неколку   руски репрезентативци. Веќе потврден е и играчот кој се враќа по  две сезони во вардаовиот табор Сергеј Горбок. Тој до јуни е дел од унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед, потоа левиот бек повторно ќе биде црвено-црн. Самиот  Горбок кажува дека не размислувал многу и потпишал договор на две сезони со европскиот првак.

Ова беше одлично и за мене и за клубот, бидејќи во Скопје, се ми е познато, таму живее моето семејство, имам многу пријатели. Се радувам што се враќам во Вардар. Клубот и руската репрезентација работат на ист систем, тоа е само плус. Имав и други опции за продолжување на кариерата, но сепак тоа што се враќам во позната средина, беше пресудно.

 Горбок потврдува дека руската колонија ќе биде голема идната сезона  во Вардар.  На прашањето што значи за него да игра со сонародниците,  десниот бек Дмитри Киселев, како и кружниот напаѓач Максим Михалин, дури  можеби и левиот бек Дмитри Санталов тој вели:

 Среќен сум што сите овие нови момци ќе добијат шанса да играат во Лигата на шампионите, тоа е одлично. Ова е шанса тие  да се интегрираат во системот на клубот и руската репрезентација. Исто така во едно сум сигурен, дека Вардар и понатаму ќе има највисоки амбиции- вели  Горбок.