Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Абдула Хасани за победа на пом.пионери на ФК Вардар, на пријателски натпревар против Шкупи
Абдула Хасани за победа на пом.пионери на ФК Вардар, на пријателски натпревар против Шкупи

Абдула Хасани за победа на пом.пионери на ФК Вардар, на пријателски натпревар против Шкупи

Денес на теренот на Академијата, пријателски натпревар одиграа помладите пионери на ФК Вардар и Шкупи. Поуспешни беа нашите млади надежи, кои славеа минимално со резултат од 1:0, со голот на Абдула Хасани

Тренерот Тодоровски стартуваше со следните 11-сетмина: Величковски, Асани, Костовски, Крстевски, Величковиќ, Гугуљанов, Стојановски, Хасани, Петејчук, Салиу, Омерагиќ.

4

Во првите 20 минути од мечот речиси и да не видовме посеризна шанса кон двата гола. Имаше обид Величковиќ но ништо посериозно да се отвори резултатот. Првата голема прилика ја имавме преку Анатолиј Петејчук кој шутира но голманот на Шкупи со рефлексна реакција спречи негатива за својот тим. На шансата претходеше акција од левата страна, кога Абдула Хасани нафрли топка во противничкиот шеснаесетник, за момент противникот исфрли, а топката стигна до Хасани. Во првиот дел за одбележување се и ударите на Кристијан Стојановски и Мартин Величковиќ, но резултатот по првиот дел е оној почетниот 0:0.

1

На стартот на второто полувреме, избраниците на Рап-Тап успеваат да дојдат до водство, откако противничката мрежа ја затресе Абдула Хасани, за предност од 1:0. Екипата од Чаир можеше брзо да врати, но нивниот удар оди за малку покрај нашиот гол. Подобра игра на Вардар во овој дел од мечот, кој создаде неколку шанси за нов гол. Се играше акција од левата страна, кога Петејчук нафрали во “срцето“ на противничкиот шеснаесетник, на неа стигна Азер Омерагиќ, кој од непосредна близина не успева да го совлада противничкиот голман.

3 5

Во следните минути се обиде и Петејчук, кој биеше само покрај голот. Се играше пред се на половината на Шкупи, а црвено-црните се обидуваа да стигнат до нов гол, за да ја заверат победата. Тренерот Тодоровски им даде шанса за настап на сите играчи, кои денес мечот го започнаа од клупата. Одличен удар на Стојановски од некаде 25 метри, кој шутираше силно, но голманот на Шкупи одбрани и исфрли во корнер. Се обиде и стоперот, Крстевски кој на нафрлена топка од корнер, биеше над голот на гостинскиот тим. До крајот без промена на резултатот, за конечен резултат од 1:0