Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Бојана Коцева ги предводеше пионерките на Вардар, до прва пролетна победа во пионерската лига
Бојана Коцева ги предводеше пионерките на Вардар, до прва пролетна победа во пионерската лига

Бојана Коцева ги предводеше пионерките на Вардар, до прва пролетна победа во пионерската лига

Пионерките на ракометниот клуб Вардар стигнаа до првата пролетна победа, во рамките на групата 1. Избраничките на Анжела Платон и Александра Кузмановска беа подобри од екипата на Кожувчанка од Штип, која ја совладаа со резултат 17:6.

*Фотогалерија од овој дуел може да најдете на нашиот сајт-ОВДЕ!

f2

Натпреварот со гол го отвори крилото Ангеловска, за следниот гол од пенал да го постигне и Мила Пешиќ, Вардар веќе направи и серија од 3:0, за првиот гол екипата на Кожувчанка да го постигне дури во 9 минута од мечот, за намалување на резултатот на 3:1, за претходно нашиот голман, Леа Христоска да одбрани седмерец. Следуваа нови два гола за нашите пионерки, кои го зголемија своето водство на 5:1. Игравме добро во одбраната и му дозволивме на противникот до истекот на првите 20 минути да постигне само уште два гола. Со нов гол на Мила Пешиќ од ударот од седум метри, Вардарки на минута пред крајот имаа преднот од 7:3, за доброто прво полувреме да го заокружат со нов гол и на одмор да заминат со предност од 8:3.

f3

Второто полувреме со гол го отвори денес најефикасната Бојана Коцева, која зголеми веќе на 9:3. Ниту во овој дел од мечот не и дозволивме на Кожувчанка многу да се изнаигра, а нашите девојки постепено го зголемуваа водството и имаа контрола на резултатот. И по осум минути игра во второиот дел одржувавме позитива од шест голови, која можеше да биде зголемена доколку во два наврати погодивме од ударите од седум метри, односно голманката на Кожувчанка успешно одбрани. Последниот гол на натпреварот гостинската екипа го постигна во 32 минута за да намали на 12:6, за до крајот на мечот, вардарки да постигнат пет голови во серија и да го постават конечениот резултат од 17:6.

f4

Најефикасна во нашиот состав беше Борјана Коцева која постигна 8 голови, додека кај гостите Ашкилова и Радевска постигнаа по 2 гола. Втор пат сезона ја совладуваме Кожувчанка, вкупно петта победа за нашите пионерки оваа сезона.

Вардар: Пешиќ 3, Крагељ 1, Колоска, Христоска, Борјана Коцева 1, Тошевска, Ангеловска 2, Максимовска, Миланова 1, Радевска 1, Мирческа, Бојана Коцева 8.