Се одигра и последното 16.коло за оваа година во ракометната Супер лига. До победи стигнаа екипите кои се главни претеденти за освојување на шампионската титула. Вардар на домашен терен го победи тимот на Бутел, додека Еурофарм Пелистер славеше на гостувањето кај екипата на Радовиш. Струга убедливо го победи „преполовениот “ тим на Металург, додека до триумф стигнаа и екипите на Охрид и Еурофарм Пелистер 2, едиствено со нерешен резултат заврши натпреварот на Тиквеш и Пролет.
Комплетни резултати од одиграното 16 коло:
Радовиш – Еурофарм Пелистер 25:34
Вардар – Бутел 36:21
Струга – Металург 35:21
Скопје – Охрид 23:26
Тиквеш – Пролет 25:25
Еурофарм Пелистер 2 – Прилет 34:26
Вардар и Еурофарм Пелистер го делат првото место со 43 освоени бодови, додека на третото место се наоѓа екипата на Бутел. На пролет ќе продолжат натпреварите во Супер лигата.