Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > ЕСЕНСКИ ПРВАК! Падна и Шампион пред налетот на кадетките на ЖРК Вардар
ЕСЕНСКИ ПРВАК! Падна и Шампион пред налетот на кадетките на ЖРК Вардар

ЕСЕНСКИ ПРВАК! Падна и Шампион пред налетот на кадетките на ЖРК Вардар

Да не должиме со она што веќе неколку пати го елабориравме околу тоа како ја започнаа оваа сезона, со шест заминати и две повредени девојки, на нивно место дојдоа дузина нови релатино помлади дами. Сепак кадетките на ЖРК Вардар предводени од Платон и Папуџиева со пет победи се есенски шампиони во нивната група. Вчера, во рамки на  5.коло се играше дерби кај РК Шампион, тимот кој имаше како нас максимален ефек до сега. На дуелот во Автокоманда ние победивме со храбра, борбена и одлична игра со резултат 19-27.

Започнавме со наш погодок и одговор на домаќинот, така беше се до 3-3, кога на секој наш гол домаќинот успеваше да врати и да дојде на резултска симетрија. Нивниот отпор пред нашиот налет рано почнавме да го „кршиме“. Влеговме во серија и се оделепивме на четири плус за прв пат при резултат 4-8. Покажавме шампионски квалитет во продолжение, успеавме до крајот на првиот дел да ја удвоиме предноста од четири на осум погодоци. Заминавме на одмор со резултат 9-17 во наша корист и најавивме есенска титула.

Платон и Папуџиева во вториот дел дадоа шанса на поширокиот ростер, ние од сите девојки кои земаа вчера учество на овој последен дуел во 2021 година за кадетскиот тим видовме одлична игра. Нашите дами не дозволија во вториот дел на оваа средба во салата „Автокоманда“ да биде загрозена нашата предност од осум гола која ја имавме од полувремето. Победата дојде со резултат 19-27, со овој триумф покажавме дека сме најквалитетна кадетска екипа во нашата група, Останува на пролет само да го потврдиме пласманот на завршниот Ф-4 турнир.

Прв стрелец за нас беше секогаш одлучната на дерби дуелите, Борјана Коцева  со 5 гола, три девојки имаа 4ки: Теодора Ангелова, Бојана Коцева и Наталија Максимовска. Покрај нив погодија и Магдалена Тошевска 2 гола, Миа Маринчов 2 гола, Сара Стојанова 1 гол, Нина Попова 2 гола и Бојана Радевска 3 гола

На голот повторно одлична и повторно двоцифрена беше единствента, Вероника Ѓорѓиевска таа впиша 11 одбрани (1 пенал).