Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > КОНЕЧНО! Публиката се враќа на трибините, РК и ЖРК Вардар во Купот ќе имаат поддршка

КОНЕЧНО! Публиката се враќа на трибините, РК и ЖРК Вардар во Купот ќе имаат поддршка

184334624_317420086677632_4099820442096919875_n

Министерот за здравство, Венко Филипче, попладнево ја потврди најрадосната вест за сите вљубеници во спортот во државата, а тоа е дека утре, на седницата на Владата и официјално ќе биде дозволено враќање на публиката на спортските натпревари.

 Ова ќе биде првпат по стартот на пандемијата да се дозволи присуство на навивачи на трибините и тоа по пауза од 14 месеци, откако последен пат нормални натпревари беа одиграни лани во март пред прогласувањето на „локдаунот“.

Според најавите, Владата ќе дозволи на трибините во салите и стадионите да бидат исполнети најмногу до 30-отсто од капацитетот, запазувајќи ги сите здравствени протоколи кои во моментов важат, а тоа е користење средства за дезинфекција и задолжително носење маска на лицето.

Прв сериозен предизвик на кој црвено-црните тимови ќе имаат поддршка е Ф-4 во Купот, каде ЖРК Вардар и РК Вардар 1961 ќе се борат за пехар. Но и ФК Вардар ќе може во последното коло да биде гледан од Комити во ПМФЛ.