Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > РК Вардар: Конкурс за нови регионални единици при Ракометната академија Вардар
РК Вардар: Конкурс за нови регионални единици при Ракометната академија Вардар

РК Вардар: Конкурс за нови регионални единици при Ракометната академија Вардар

Со цел промоција на ракометот и пронаоѓање на нови ракометни таленти, РАКОМЕТНИОТ КЛУБ ВАРДАР објавува конкурс за избор и вклучување на нови регионални единици во склоп на Ракометната академија. Во информацијата поставена на клубскиот сајт се вели:

Бидете дел од семејството на најдобриот македонски ракометен клуб. РК Вардар преку Ракометната академија Вардар распишува конкурс за нови регионални единици, кои ќе може да тренираат и да се развиваат под брендот на Вардар.
Како дел од нашето црвено – црно семејство, младите таленти и надежни ѕвезди, ќе добијат можност да го збогатат своето играчко искуство преку бројните натпревари кои ги организираме во текот на секоја натпреварувачка сезона, а клубовите добиваат реквизити неопходни за квалитетен тренинг.
Нашата желба е заедно да создаваме нови генерации ракометари, првотимци кои еден ден ќе блеснат и во дресот на македонската репрезентација.

Заинтересираните лица треба да ги достават следните документи:

- Пријава
– Биографија
– Тековна состојба не постара од 3 месеци;
– Потврда дека не е блокирана сметката во банка;
– Доказ за обезбедена спортска сала со ракометни димензии (40 х 20м);
– Доказ за обезбедени термини за одржување тренинзи;
– Тренерска лиценца издадена од РФМ.

Секое заинтересирано лице може да добие подетални информации на телефонскиот број 071/398-039 Елена Радоман

На следниов линк е пријавата: prijava_za_novi_shkoli_vo_rakometna_akademija.doc

Целокупната документација потребно е да се достави на e-mail адреса akademija@rkvardar.com.

Рокот за доставување на пријавите е најдоцна до 15.09.2018 година.

Обврски на РАКОМЕТНИОТ КЛУБ ВАРДАР:
– Да и дозволи користење на името „ВАРДАР” во називот на ракометната школа;
– Да потпише договор за соработка со лицата кои ќе ги исполнат предвидените услови;
– Да обезбеди реквизити за потребите на екипите и спортска опрема за тренерите;
– Да подготови оперативна годишна работна програма;
– Да организира натпревари преку своите проекти;
– Да обезбеди промотивен материјал согласно утврдените проекти во оперативната годишна работна програма;
– Да пружи помош при стручно усовршување на млади тренери и
– Селектирање на млади таленти во склоп на проектите на Ракометната Академија.

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!