Thursday ,10 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Заврши суспензијата за Стоилов и Манасков, ќе играат со Кристијанштад
Заврши суспензијата за Стоилов и Манасков, ќе играат со Кристијанштад

Заврши суспензијата за Стоилов и Манасков, ќе играат со Кристијанштад

Денес за нашите двајца репрезентаивци и членови на црвено-црните заврши двонеделната суспензија. Тие  од денеска му се ставени на  располагање на шефот на стручниот штаб на вардарци Раул Гонзалес.

Стојанче Стоилов и Дејан Манасков ќе бидат во комбинација за саботниот меч со Кристијанштад. Тие денес се вратија на тренинзи со првата екипа на Вардар откако истече нивната суспензија. Двајцата беа суспендирани на 3-ти месецов, суспензијата  траеше  две недели поради прекршување на правилата за однесување, согласно Дисциплинскиот правилник на клубот. Досега тие   тренираа со нашиот втор тим и ги пропуштија натпреварите два меча во СЕХА-лигата и еден во ЕХФ Лигата на шампионите.  Мечот во Лигата на шампионите со шведскиот преставник во елитната лига  Кристијанштад ќе се одигра в сабота со почеток во  17:30часот, во С.Ц “Јане Сандански“.