Младите фудбалски надежи од генерацијата родени “2004“ на фудбалскиот клуб Вардар учествуваат на силен меѓународен турнир “Балканика куп“ во Сандански. Избраниците на Филип Арсовски се натпреваруваат во групата-1 , тие одиграа меч со врсниците од Престиж Кариана од Софија. Истиот го добија со резултат 4-1, во две полувремиња од 25 минути. Уште по првото полувреме беа решени сите дилеми околу конечниот победник, кога црвено-црните имаа водство од 3:0. Стрелец на сите три голови во овој периот беше Георг Стојановски. Во второто полувреме, противникот единствено што успеаа е да го намали резултатот на 3:1, но Вардарци постигнаа уште еден погодок за конечни 4:1. Успешно стрелеше Огнен Здравковски за прва воведна победа на овој силен турнир. Инаку на теренот се играше 8+1, на кој многу подобро се снајдоа младите Вардарци. Одлична игра за оваа генерација, која имаше успешен старт и најави борба за највисок пласман. Утре на програмата се дури два натпревари, против Фк Орлета и Фк Охрид.