Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > “Кралот” Штербик најдобар ракометар на светот за 2017 година
“Кралот” Штербик најдобар ракометар на светот за 2017 година

“Кралот” Штербик најдобар ракометар на светот за 2017 година

Чуварот на мрежата на македонскиот, регионалниот  и европскиот шампион Вардар и репрезентацијата на Шпанија, Арпад Штербик е избран за најдобар ракометар на светот за изминатата година. Тој ова признание го доби  во изборот на реномираниот ракометен спортски сајт „Хендбол-планет“.

Голманот на РК   Вардар доби најголем број гласови од жирито составено од 30 ракометни новинари од 27 земји, но и од посетителите на сајтот од целиот свет. Тој  бранеше фантастично во годината која изминува, Арпад беше еден од најзаслужните за историскиот успех на нашиот Вардар, кој успеа да ја освои Лигата на шампионите.