Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Нема да биде лесно со Горење, Циндриќ: Да победиме за да одиме на пауза без пораз
Гонзалес: Нема да биде лесно со Горење, Циндриќ: Да победиме за да одиме на пауза без пораз

Гонзалес: Нема да биде лесно со Горење, Циндриќ: Да победиме за да одиме на пауза без пораз

Денес на програмата е последниот дуел за европскиот ракометен првак Вардар во 2017 година. Тоа е натпревар во СЕХА регионалната лига. Ривал ќе ни ќе биде словенечки Горење. Натпреварот се игра денес со почеток во 20 часот и 45минути. За овој дуел свој видувања искажаа тренерот на црвено-црните Гонзалес и хрватскиот среден бек, Циндриќ.

Раул Гонзалес, тренер: Се наоѓаме во добра позиција во сите натпреварувања и треба да уживаме во моментот. Секој тим е мотивиран кога игра против Вардар, така ќе биде и со Горење, кој е навистина незгоден ривал. Тешко е да се игра веќе, мислиме на зимскиот одмор, но уште ништо не е готово. Горење има добри играчи и добар тренер. Воопшто нема да биде лесно.

Лука Циндриќ, играч: Секогаш сме фокусирани на победите, па така ќе биде и против Горење, нашиот последен меч за 2017 година. Сакаме нов успех, со кој ќе успееме да ја завршиме полусезоната без ниеден пораз, што е воедно и наша желба. Мора да го гледаме нашето издание на теренот, без разлика кој е наш противник. Очекувам нова победа.