Tuesday ,03 December 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Кристијан Ташевски: Преминувањето во Вардар беше моја животна желба
Кристијан Ташевски: Преминувањето во  Вардар беше моја животна желба

Кристијан Ташевски: Преминувањето во Вардар беше моја животна желба

Пионерите на ракометниот клуб  Вардар кои играт во пионерската и кадетската лига ги предводи поранешната српска репрезентативка, членот на легендарната шампионска екипа на европскиот првак, Кометал Ѓ.П, единствената Адријана Будимир.  Тие есенва настапија во две категории, пионерска и кадетска и во двете завршија како “Есенски шампиони“ со максимален ефект,  секогаш “газееа“ безмислосно и силно. Момците полека се подготвуваат за тешките предизвици за пролета кога ќе ги нападнат двете титули. Во нашиот состав оваа сезона дојде едно интересно засилување кое ја засили конкуренцијата во тимот и му даде дополнителен квалитет претежно во офазива на овој тим. Станува збор за Кристијан Ташевски, тој е роден на 6 мај 2002 година и оваа есен го засили вардаровиот состав. За кратко време покажа квалитет во Вардар, успеаа да биде втор стрелец во нашите редови на официјалните натпревари во лигашкиот дел. Токму со него ве запознаваме во следното интервју.

1. Од кога датираат твојте спортски почетоци и како се одлучи да се “дружиш“ со ракометната игра, што те насочи кон овој спорт?

4

Пред да започнам со ракометот две години играв кошарка во редовите на КК Вардар, но чувствував дека сакам спорт со повеќе контакт, да не речам, машка игра. Во тој перод се играше европскоторакометно првенство во Србија, па со многу голема љубов и страст ги следев сите мечеви. Одлучив дека со ракометот ќе бидиме неразделни другари па од 2012-та се запишав во Металург и така се започна.

2. Каде почнаа првите ракометни чекори и во кои тимови играше пред да станеш дел од селекцијата на црвено-црниот состав?

Мојот прв тренер беше Никола Матлиески во една од школите на Металург. По две години бев избран во селекцијата на Металург генерација 2002, но поради лични причини не продолжив во истата. Од 2015-та година бев член на ракометната школоа РК Аеродром, под капата на тренерите Дарко Петревски и Горан Стојков, кон кои искажувам благодарност за она што сторија за мене. По одличните партии кои ги прикажував на натпреварите во пионерската лига во РК Аеродром, склучив договор со ракометниот клуб Вардар кој беше моја животна желба.

3

3.Како се адапираше во екипата на нашиот Вардар, што значи за тебе како млад ракометар да добиеш шанса да играш во пионеската и кадетската лига?

Во новата средина бев одлично прифатен од страна на сите мои соиграчи. Момците се одлични на чело со тренерот Андријана Будимир, а резултатите говорат за успехот. Голема помош имам од тренерот Андријана Будимир, што беше и предност да се адаптирам во новата средина со што сум и крајно благодарен! Да се игра и во пионерска и кадетска лига е голема предност бидејќи имаме поголем број на натпревари, а со тоа стекнуваме многу големо искуство.

5

4. Вашата селекција имаше перфекна есен, победивте на сите дуели во двете конкуренции како си задоволен од есенската полусезона?

  Есенскиот дел на сезоната го поминавме со стопроцентен учинок во пионерската и кадетската лига, но ние нема да застанеме овде. Со тренажниот процес кој го имаме очекувам дека во вториот дел на оваа сезона ќе ја продолжиме оваа одлична серија, за на крај да освоиме трофеј во двете лиги.

5. Вашиот тренер инсистира на настапи на голем број квалитетни турнири надвор од земјава, дали истите се носат дополнителен квалитет во вашата игра?

 

 Да се игра на турнир надвор од државата е нешто посебно. Стекнуваш големо искуство, самооверба, како и контакти со многу наши врсници од различни земји. Овде ќе упатам благодарност до РК Вардар што ни овозможува да ја имаме таа чест, да играме надвор од државата. Ваквите турнири со сигурност ќе значат скалило погоре во подобрување на квалитетот на нашата играчка кариера понатаму во животот.

7

6. Како нов играч добро се приспособи на колективот, есенва успеа да бидеш втор стрелец на Вардар, како стигна до тој скор?
 Сето тоа е благодарение на моите соиграчи со кој ми беше потребно краток период за да се воиграм со сите. Да не беа тие, немаше да биде ништо од тоа. Сето тоа доаѓа како резултат на добрата комуникација и одличното разбирање во тимот кое верувам ќе се надоградува. На головите се разбира дека се радуваме, како и на добрите резултати, но најбитно е тимот да победува, а јас секогаш сум добро расположен со моите квалитети на секој можен начин да помогнам на тимот да стигнеме до победа.

 7. Некоја порака за крајот на ова прво интервју за Вардар фанс?

 Сакам да се заблагодарам на моите верни навивачи, а тоа е мојата фамилија која секогаш ме бодри од трибините и тие се мојот ветер во грб. Без нив е секогаш потешко кога се настапува, тие се мојата поддшка и сила на овој пат кој го одам.
МИХАЈЛО ТУШЕВСКИ