Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Преглед на 12 коло во најсилната група А, во кое Вардар ја зголеми предноста пред Нант, на три бодови
Преглед на 12 коло во најсилната група А, во кое Вардар ја зголеми предноста пред Нант, на три бодови

Преглед на 12 коло во најсилната група А, во кое Вардар ја зголеми предноста пред Нант, на три бодови

Вардар најмногу “профитираше“ после одиграното 12 коло, во најсилната група А, од Лигата на Шампионите. Црвено-црните ја зголемија бодовната разлика пред единствениот конкурент за првото место, екипата на Нант која беше поразена на гостувањето во Загреб. Триумф во ова коло и за екипата на Рајн-Некар и Барселона.

Вардар се покажа како посилна екипа во дуелот со Пик Сегед, кој долго не одржуваше во неизвеснот, окмолу конечниот исход. Дури во последната минута од првиот дел, избраниците на Гонзалез со голот на Шишкарев сигнаа до два гола разлика (16:14), резултат со кој се замина на одмор. Во второто полувреме, Вардар со неколку последователни голови, успеа да зголеми и на највисоки 21:16. Сепак унгарците се враќаа на натпреварот кога намалуваа на 1-2 гола разлика, во финишот Вардар беше посконцентриран и стигна до нова победа (34:30), која го доближи до директен пласман во четврфиналето. Дибиров беше најефикасен кај нас со 11 голови, додека кај противникот Сршен постигна 6 голови.

ППД Загреб му направи мала “услуга“ на нашиот шампион, кој пред својата публика успеа да излезе како победник во дуелот со екипата на Нант. Добрата одбрана која ја постави домашниот тренер, Сарачевиќ беше пресудна за по истекот на првите 30 минути, ППД Загреб да има предност од четири голови разлика. Контрец, Вори и Тончи Валчиќ одлични беа во “срцето“ на одбраната, а на голот го имаа и Урх Кастелиќ, кој по првото полувреме имаше осум одбрани, на одмор се замина со резултат од 12:8.

vardarfans-zagreb-nant

Во вториот дел, екипата од Франција заигра подобро, што резултираше со намалување на негативата на само еден погодок. Сепак во редовите на Загреб, најефикасниот во нивниот состав, Домагој Павловиќ на 15 минути пред крај, повторно носи солидно водство на домаќинот од 18:15. Загреб можеше да влезе во мирна завршница, кога имаше предност од 22:18, но дозволија Нант да постигне брзи два гола и да намали на 22:20. Во интересна завршнива, гостинската екипа имаше и зицер удар за израмнување, но Кастелиќ со бравурозна одбрана спречува такво нешто. На крајот конечен резулат од 23:22.

Кај Загреб најефикасен Павловиќ со 7 голови, додека голманот Кастелиќ имаше 14 одбрани. Кај поразаните, Гурбиндо и Клер имаа по 4 погодоци.

Рајн-Некар не дозволи втор натпревар по ред да остане без бодови на домашен терен, па во ова коло беа подобри од екипата на Кристијанштад. Избраниците на Јакобсен играа доволно, колку што беше потребно да се слави победа. Во текот на целиот меч постојано имаа предност и контрола на резултатот, а екипата од Шведска иако на моменти се закануваше по нивното водство, сепак немаше сили за некои резултатски пресврти. По првото полувреме имаа водство од 16:14, водство кое го зголемија до пет гола во текот на второто полувреме, за на крајот конечниот резултат да гласи 32:29.

vardarfans-rajn-nekar-kristijanstad

Кај победникот, дури тројца играчи постигнаа по 5 голови, тоа беа Ларсен, Радивојевиќ и Шмид, додека кај Кристијанштад најефикасен беше Гудмундсон со 9 голови.

Малку недостасуваше да се случеше големо изненадување во рамките на оваа група, откако Барселона за “влакно“ избегна пораз во “Палау Блауграна“ од екипата на Висла Плок. Во текот на првите 30 минути се играше воглавно израмнет натпревар, на кој ниту една од екипите немаа поголемо водство од два гола. Постојано се менуваа во предност, но на одмор, полјаците заминаа со минимално водство од 14:15. Висла има за што да жали на овој меч, со оглед дека во второто полувреме, во дури три наврати имаше предност од четири голови разлика. Последната ваква позитива беше при резултат од 19:23, кога Барса сепак со серија од 5:1 успеа да ја анулира и да го израмни резултатот. Во последните три минути се влезе гол за гол, сепак Сипжак погоди за водство на Барса, кое на крај се покажа како решавачко, додека гостинот не успеа да реализира во својот последен напад. На крајот конечен резултат од 28:27 и победа за Барселона.

vardarfans-rk-vardar vardarfans-rk-vardar 27752210_2342207025804941_3732734056416876567_n

Перез Де Варгас беше креатор на победата, со вкупно 16 одбрани, најефикасен кај Барса беше Ентрериос со 6 голови, додека кај Висла се истакнаа Ракотеа и Де Толедо, со по 5 голови.

По одигрување на ова коло, Вардар остана на првото место на табелата, но сега со три бода повеќе од екипата на Нант, која е следен наш противник.

1. Вардар  20

2. Нант  17

3. Барселона  16

4. Рајн – Некар  14

5. Пик Сегед  11

6. Висла Плок

7. ППД Загреб

8. Кристијанштад 6

Двојки за претпоследното 13 коло се:

Нант – Вардар

Кристијанштад – Барселона

Пик Сегед – ППД Загреб

Висла Плок – Рајн – Некар