Европското првенство 2020 е дебитантско за летонците, тие прв пат играат на голем настан. Веќе ги прават последните подготовки за Европското првенство, селекторот Арманд Ушчинс го одреди списокот на патници за Трондхајм.
Очекувано во составот се и двајцата играчи кои настапуваат за Европскиот првак, РК Вардар. Тие иако имаа проблеми со повредите, сепак ќе патуваат со тимот на првенството. Артурс Кугис и Даинис Кристопанс заедно со своите сонародници ќе има многу тешка група во која се фаворитите Германија и Шпанија, треттиот тим е Холандија.