Цепелинот на Вуко Борозан како асистент и Даинис Кристопанс како реализатор во дуелот со Металург е прогласен за најубав гол, за месец декември во СЕХА-лигата. Според гласовите на фановите на социјалната мрежа “Фејсбук“, Кристопанс го постигна најатрактивниот гол. Тој во изборот ги победи Аниќ (Целје П.Л), Клец (Горење), Николиќ ( Војводина) и Божиќ-Павлетиќ (Загреб).
Погледнете го голот на Кристопанс, кој е најдобар во овој месец.