Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Даинис Кристопанс е играчот со најмногу настапи во СЕХА-лигата

Даинис Кристопанс е играчот со најмногу настапи во СЕХА-лигата

Актуелниот освојувач на СЕХА-лигата, тимот на Вардар покрај тоа што има освоено најмногу трофеи во ова натпреварување, може да се пофали дека го има и играчот во својот состав, кој има најмногу настапи во СЕХА-лигата. Тоа е десниот бек од Летонија, се работи за Даинис Кристопанс, кој ја одигра својата прва сезона во црвено-црниот дрес. Тој ги има одиграно сите седум сезони во СЕХА-лигата, претходно како член на екипата на Татран Прешов, и досега има одиграно 128 мечеви во ова натпреварување, со што го завзема првото место според бројот на настапи.