Летонскиот десен бек во редовите на Вардар, Даинис Кристопанс прослави „јубилеј„“ од 100 голови во дресот на Вардар, на натпреварите од Лигата на Шампионите. На саботниот натпревар против Веспрем на кој црвено-црните доживеаа пораз, Кристопанс беше стрелец на четири голови, а беше прогласен и за најдобар играч на овој дуел кој беше прогласен за дерби на неделата во ЛШ.
Кристопанс ја игра својата втора сезона во редовите на Вардар, откако пристигна од екипата на Брест Мешков. Минатата сезона ја заврши со вкупно 54 голови во ЛШ, додека оваа сезона после одигрување на 12.коло во групната фаза стигна до бројката од 46 погодоци, тоа значи точно 100 голови за летонскиот „џин“ во Вардар.