Иако беше одличен на голот на Вардар, Дејан Милосављев кој повторно имаше двоцифрен број на одбранети удари, сепак неговиот Вардар не успеа да стигне до триумф против екипата на Веспрем. Популарниот „Банда“ само во првото полувреме имаше 9 одбрани, додека мечот го заврши со вкупно 12 успешни интервенции.
Иако имаше неколку добри одбрани, од медија тимот на ЕХФ го издвоија моментот кога Кентин Мае од пенал ја погоди статтивата, а дали прстите на Милосављев влијаеа топката да не заврши во голот проценете сами.
Видеото од оваа интересна ситуација, во која Милосављев ги „бакнуваше“ своите прсти можете да го погледнте на линкот, ТУКА.