Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Виктор Крстевски по една година се враќа во Вардар, овој пат во вториот тим
Виктор Крстевски по една година се враќа во Вардар, овој пат во вториот тим

Виктор Крстевски по една година се враќа во Вардар, овој пат во вториот тим

Младиот состав на Вардар Јуниор во текот на вчерашниот ден ги стартуваше подготовките за новата натпреварувачка сезона. Тренерскиот тандем, Петрушевски-Манасков во новата сезона ќе има тешка задача да обезбеди опстанок за тимот на Вардар Јуниор, во Супер Лигата. Заминаа неколку ракометари, меѓу кои и поискусните Мартин Димов, Андреј Петковски, потоа Александар Нанов и Даниел Ставровски.

Вардар Јуниор во новата сезона ќе биде ослабен и за неиграњето на кадетските репрезентативци, струмичанецот, Игор Ѓорѓиев кој ќе настапува за екипата на КЛ7 во рамките на првата ракометна лига и за Никола Цветаноски кој исто така потпиша за школата на Кирил Лазаров.

Што се однесува до новите играчи, имаме повратник во екипата на црвено-црните. Се работи за крилото, Виктор Крстевски, кој после само една година се враќа во Вардар, овој пат во вториот тим. Крстевски премина во Вардар, преку „Јуниор Лигата“ кога пред три години доби признание за најдобар стрелец на завршниот турнир, а настапуваше за екипата на Илинден. Во 2016 година доаѓа во Вардар, каде две сезони настапуваше за младинскиот состав. Минатата сезона ја помина како играч на Бутел, играјќи во младинската лига, додека во новата сезона ќе го „задолжи“ дресот на Вардар Јуниор.

Тимот не е комплетиран, со оглед дека треба да се потполнат испразнетите места, после прекомандувањето во првиот тим на Кукуловски и Ќосевски, како и по заминувањата на гореспоменатите играчи.