Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Историја > На денешен ден пред 16.години Вардар ја „поплави“ ЦСКА во Москва
На денешен ден пред 16.години Вардар ја „поплави“ ЦСКА во Москва

На денешен ден пред 16.години Вардар ја „поплави“ ЦСКА во Москва

Пред 16.години на денешниот ден во 2003 година, беше забележан еден триумф кој ќе биде запомнет како еден од најголемите во историјата на Вардар на меѓународна сцена. Црвено-црните ја остварија до тогаш најголемата победа во Европа, совладувајќи ја екипата  ЦСКА среде Москва со 2:1. Оваа победа во Русија  го отвори патот кон 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите, односно во фазата пред групи.

Двата погодока на тој дуел беа дело на Влатко Грозданоски и бразилецот Вандаир. Ние со нив поведовме со   0:2, а ЦСКА успеа пред крајот на да го намали резултатот. Коцките се погодија и на  реваншот кога беше 1:1, со што Вардарци се пласираа во следната фаза и одиграа двомеч со Спарта Прага.

За нашиот тим на тој натпревар во Москва настапија: Зекир, Веселиновски, Ѓошевски, Блесинг, Грозданоски, Трајчев, Захариевски, Ристовски, Георгиевски, Бранковиќ, Вандаир. Уште играа Боби Божиновски, Игор Милевски и Оливеира. Шеф на стручен штаб беше на овој дуел  Зоран Стратев.

Видео од тој натпревар>