Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Slider > Денес, Вардар го игра четвртиот контролен меч, на подготовките во Словенија
Денес, Вардар го игра четвртиот контролен меч, на подготовките во Словенија

Денес, Вардар го игра четвртиот контролен меч, на подготовките во Словенија

Денес со почеток од 18:00 часот, екипата на ФК Вардар ќе го одигра својот претпоследен контролен натпревар на подготовките во Словенија. Противник на црвено-црните ќе биде екипата која доаѓа од втората лига на оваа земја, се работи за Рогашка.

На овие подготовки, вардарци немаа среќа со времето и одиграа само еден комплетен дуел, оној против тимот на Горица кој го загубивме со резултат 3:0. Првиот меч против Дравиња, беше прекинат во 60 минута, при наша предност од 1:0, додека на третиот дуел одигравме само едно полувреме против Ал Аин, и двата меча се прекинаа поради невреме.

Според програмата, во текот на утрешниот ден, Вардар треба да одигра и својот последен дуел на подготовки, против екипата на Касимпаша од Турција.