После само една полусезона во црвено-црниот дрес, Анте Кудуз го напушта Вардар и се враќа во екипата на Динамо Букурешт.
Кудуз не се прослави во Вардар, едноставо не ги оправда очекувањата и игрите кои се очекуваа од него. Неговиот најдобар натпревар беше на гостувањето кај екипата на Кил, каде Кудуз постигна девет гола од исто толку обиди. На сите останати натпревари во ЛШ, Кудуз беше во споредна улога.
Враќањето на Кудуз на својата официјална страна го потврди и екипата на Динамо Букурешт.