Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Мартин Томовски донесе победа за Македонија, вардарци имаа своја улога во триумфот против Кувајт

Мартин Томовски донесе победа за Македонија, вардарци имаа своја улога во триумфот против Кувајт

Потешко од очекувањата, машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија славеше на вториот подготвителен натпревар против селекцијата на Кувајт.

Благодарение на одличниот Мартин Томовски, кој одбрани неколку удари во последните минути, Македонија успеа да стигне до минимална победа изразена со резултат 22:21. И на овој натпревар настапивме некомплетни, па тоа го искористи репрезентацијата на Кувајт, која во најголем дел од натпреварот беше во предност. Во првото полувреме нивното водство се движеше од 1-2 гола разлика, додека на полувреме имаа предност од 11:12.

Во вториот дел, Кувајт се одлепи и на пет гола разлика, па се мислеше дека се поблиску до победата. Сепак момците на Кирил Лазаров покажаа карактер, постепено ја намалуваа негативата и на крајот се изборија за победа. Томовски во последните секунди одбрани зицер удар на противникот, па Македонија забележа минимална победата.

Токму Томовски се запиша во листата на стрелци постигнувајќи еден гол, тука беа и Георгиевски, Талески и Стоилов, сите со по два погодоци, додека само Мишевски не успеа да постигне гол.