Рк Вардар 2 е најпријатното изненадување во полусезоната на првата ракометна лига. Црвено-црните како дебитанти во ова натпреварување се наоѓаат на второто место на табелата, со скор од девет победи и само два порази. Борбата за првото место, кое директно води во најсилната супер лига ќе се води со екипата на ХЈС Работник, противник кој треба да гостува во Скопје во пролетниот дел од сезоната.
-Искрено не очекував ваков старт во првата лига со оглед на тоа што не ги познававме доволно добро екипите кои учествуваат во оваа лига. Јас сум презадоволен од моите соиграчи и резултатот кој го постигнавме, за кој најзаслужен е нашиот тренер Стојан Петрушевски.Сега бидејки подобро ги познаваме нашите противници ке дадеме се од себе во вториот дел од сезоната да се искачиме на првото место на табелата кое не носи директно во супер лигата, која е голем предизвик за нас.
Во тек се подготовките за вториот дел од сезоната во втората ракометна лига. Избрaниците на Стојан Петрушевски спарингуваат со првиот тим на Жрк Вардар. Вчера пак на Kале, исто така во подготвителен натпревар го победија тимот на Металург 2.
-Подготовките течат одлично и работиме напорно за да ја оствариме нашата цел. Изигравме еден пријателски натпревар и не очекуваат уште неколку такви пред почетокот на вториот дел од сезоната, изјави Дејан Кукуловски за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски