Sunday ,12 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) “Велинчествениот“ Арпад Штербик со неверојатни 21 одбрани
(ВИДЕО) “Велинчествениот“ Арпад Штербик со неверојатни 21 одбрани

(ВИДЕО) “Велинчествениот“ Арпад Штербик со неверојатни 21 одбрани

Добрите игри во дресот на Вардар оваа сезона, Арпад Штербик ги продолжи и на настапите за својата репрезентација на Европското првенство во Полска. Чуварот на мрежата на Вардар и Шпанија со своите неверојатни интервенции продолжува да ги воодушевува љубителите на ракометната игра. На натпреварот на својата селекција против Данска, Штербик го заврши мечот со неверојатни 21 одбрана, но неговиот тим за жал на крајот не успеаа да забележи триумф. Арпад само потврдува дека се наоѓа во животна форма, што е добар показател за екипата на Вардар, која во февруари ја очекуваат важни натпревари во групната фаза од ЛШ. Интересен е податокот што за само десет минути игра имаше веќе 7 успешни интервенции. Шпанија и покрај овој пораз ги задржа шансите за пласман во полуфиналето, откако ја победија селекцијата на Унгарија. Денес само треба да го потврдат, во дуелот против Русија, на кој “Фуријата“ е апсолутен фаворит.

Видеото со одбраните на Штербик, на натпреварот со Данска, можете да го погледнете ТУКА.