Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кои Вардарови ракометари се најблиску до пласман во полуфиналето на ЕП во Полска
Кои Вардарови ракометари се најблиску до пласман во полуфиналето на ЕП во Полска

Кои Вардарови ракометари се најблиску до пласман во полуфиналето на ЕП во Полска

Денеска ќе се одигра последното коло од новоформираните групи на европското ракометно првенство во Полска. По завршување на сите мечеви, ќе бидат познати патниците во полуфиналето и оние кои ќе ја имаат можноста да се борат за еден од медалите. На овој мундијал учество земаа и 13 ракометари, кои доаѓаат од редовите на нашиот ракомет шампион, односно Вардар беше тимот кој “носеше“ најголем број на репрезентативци на ова првенство.

Први кои ја напуштија Полска и се вратија на подготовките со црвено-црните, беа Илија Абутовиќ и Мијајло Марсениќ. Овие двајца настапувајќи за Српската репрезентација не успеаа да се пласираат во следната групна фаза, откако во трите натпревари освоија само еден бод и тоа оној во дуелот со Македонија. За денес останува дилемата, кои играчи од црвено-црниот состав ќе имаме можност да ги гледаме во полуфиналето. Најголеми шанси дефинитивно има Вардаровото трио, во составот на Шпанската репрезентација. Штербик, Македа и Душебаев се блиску до остварување на оваа цел, но само под еден услов, а тоа е вечерва да ја победат одличната Русија, која прикажува добри игри. Избраниците на Каденас ја победија Унгарија и така си ги зголемија шансите. На овој меч, Македа беше стрелец на 3 гола, додека Душебаев постигна1.  Во оваа група, врвот го држи Данска со 7 освоени бодови, Шпанија и Германија се на втората и третата позиција со идентични 6 бода. Данците синоќа безпотребно си го искомлицираас својот пласман во најдобрите четири екипи, откако на 2 минути пред крај испуштија три голови предност против Шведска и одиграа со нерешен резултат. Така во оваа група се е отворено за можните два патници во плуфиналната рунда. На Данска ќе и биде потребен и бод, додека Шпанија и Германија мораат да одат на победи. Токму Данска и Германија ќе одлучат во меѓусебен дуел. Русија пак за која играат Дибиров, Горбок и Шишкарев ќе се обидат да ја задржат 4 позиција во оваа група.

Во групата 1 дури четири репрезентации се во борба за пласман во полуфинале. Од нив со најмали шанси е селекцијата на Хрватска, за која настапуваат Игор Карачиќ и Лука Циндриќ. Чудо треба да се случи, за Хрватска да ја доби Полска со поголема разлика, а Франција да загуби во дуелот со Норвешка. Но сите карти во оваа група се отворени, подобрите но и посреќните селекции од денешните мечеви ќе си обезбедат пласман во најдобрите 4 селекции на овој мундијал. Македонија ќе се обиде со победа против Белорусија да ја заврши групата. Стоилов, Манасков и Лазаров само ја зголемуваат бројката на Вардарови ракометари кои се дел од ова големо натпреварување. Се надеваме вечерва на добра игра и конечно победа на овој мундијал.