Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Македонија не успеаа да победи и на шестиот натпревар на ЕП
Македонија не успеаа да победи и на шестиот натпревар на ЕП

Македонија не успеаа да победи и на шестиот натпревар на ЕП

Македонската ракометна репрезентација неславно ја заврши и втората групна фаза на Европското првенство. Избраниците на Ивица Обрван не успеаа да победат ни во шестиот свој натпревар на овој мундијал. Денес подобар противник од нас беа Белорусите кои забележаа победа со резултат 29:30

Уште од стартот на дуелот, Белорусија имаше предност, која на два пати успеавме да ја анулираме со головите на Велко Марковски и Гоце Олјески. Во 16 минута го имавме првото водство, преку Стојанче Стоилов за резултат 7:6. Белорусија постигнува два гола во серија, но истата ја враќа Кирил Лазаров за нова предност од 10:9. Од овој момент како да го изгубивме ритамот на игра, па до крајот на натпреварот бевме постојано во негатива. На полувреме се замина со минимално водство на Белорусија од 13:14.

Додека се обидувавме да се загрееме за второто полувреме, противникот набрзина прави серија од 0:3 за највисоки во тие моменти 13:17. Во следните 5 минути, ние не успеваме да направиме нешто повеќе, затоа Белорусија зголемува на 14:20. Борко Ристовски беше повеќе од солиден на голот, до 40 минута имаше веќе 13 успешни интервенции. За момент благодарение на двата последователни гола на Манасков успеваем да смалиме на 18:21. Средниот бек на Белорусија, Пукховски беше нерешлива енигма за нашиот состав, со својот 11-ти вкупно погодок донесува предност од 21:25. Ние пак го имавме расположениот Кирил Лазаров, кој некако успеваше да не одржи во резултатска рамнотежа. Со неговиот деветти погодок се доближуваме на два гола негатива 23:25. Серија на нашата селекција од 6:2 и со погодокот на Ѓоргиевски намалуваме на само еден гол негатива. По подолго време успеваме да го израмниме резултатот на 27:27 со десеттиот гол на Лазаров.  Сепак во последните 4 мнути подобро се снајде Белорусија, која забележа триумф со конечен резултат од 29:30. Со овој пораз завршивме на последното место во групата.