Претстојните три дена ќе се одиграат натпреварите по групи од четвртфиналето на Купот на Македонија. Дуелите ќе се играат денес, сабота и недела. Црвено-црните се дел од групата 1, таа остана без Металург, па Тиквеш доби директно место во финалето и ќе го очекува победникот од двобојот Јуниор КВ и Вардар. Четирите победници на групите ќе обезбедат пласман на Фајнл Фор турнирот што ќе се игра на 14/15 мај 2022 година. Дуелите во групата каде што се избраниците на Камара се со овие термини:
Група 1
ТИКВЕШ слободен
11/3, 19:00 часот, ЈУНИОР КВ – ВАРДАР (Круме Кепески)
12/3, 12:00 часот, ЈУНИОР КВ/ВАРДАР – ТИКВЕШ (Јане Сандански)