За претстојниов викенд се закажани натпреварите на младинските екипи на ФК Вардар. Во рамките на 13.коло, кое е последно од првиот натпреварувачки круг за противник ја имаме екипата на Ренова.
Во сабота на спортскиот комплекс во населбата Хиподром, пионерските екипи на Вардар се домаќини на Ренова. Натпреварите ќе стартуваат во термините од 10:00 и 12:00 часот.
Во недела, со кадетите и младинците гостуваме на истиов противник. Овие натпревари се закажани да стартуваат од 09:00 и 11:00 часот на Игралиштето во с. Голема Речица во Тетово.