Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > КУП: Во 1/2фин. Пелистер ривал на РК и ЖРК Вардар, Вардар Јуниор на “мегдан“ со ЖРК Металург
КУП: Во 1/2фин. Пелистер ривал на РК и ЖРК Вардар, Вардар Јуниор на “мегдан“ со ЖРК Металург

КУП: Во 1/2фин. Пелистер ривал на РК и ЖРК Вардар, Вардар Јуниор на “мегдан“ со ЖРК Металург

Ракометниот клуб Вардар со три екипи, две женски и машката сениорска ќе земе учество на завршните Ф4 турнири во Купот на Република Македонија. Првите тимови ги браната ланските круни и се фавориити за нивно освојување. Ова се двојките кои беа извлечени денеска во просториите на Ракометната федерација на земјата.

Европскиот првак и актуелен освојувач на  Куп на Македонија во машка конкуренција, РК Вардар во полуфиналето од Ф4 турнирот кој ќе се одржи во Битола (18-19 мај) ќе се сретне со домашниот тим на Пелистер. Во вториот натпревар се сретнуваат  Еурофарм и Металург.  Во женска конкуренција Ф4 турнирот  ќе биде организиран во Скопје (19-20 мај), и овде ривал на ЖРК Вардар е тимот на  Пелистер.   Младите вардарки од  Вардар јуниор ќе се обидат да го совлаадаат ЖРК Металург и да обезбедат “сестринско финале“.