Македонската ракометна репрезентација ќе биде активна за време на ЕХФ неделата.На 5 и 6.ноември, нашата репрезентација ќе гостува во Каиро каде ќе одигра два контролни натпревари со репрезентацијата на Египет, како подготовка за претстојното Европско првенство.
Селекторот Лазаров објави список на 22 ракометари на кои ќе смета за овие натпревари. На истиот се најдоа и пет играчи од редовите на Вардар. Се работи за Мартин Томовски, Гоце Георгиевски, Филип Талески, Стојанче Стоилов и Марко Мишевски.