По предизвиците кој одлично ги совладавме овој викенд во ракометна Европа, денес црвено-црните девојки имаат натпревар на домашна сцена. ЖРК Вардар ќе одигра дуел од 5.коло од сезоната 2021/2022 година во женската ракометна Супер лига. Вардарки во оваа рунда влегуваат со максимални 12.бода.
Во петтата рунда гостува во Кисела Вода кај тимот на РК Спартак Сетекс, дуелот е закажан за денес (19.октомври, вторник) со почеток во 20-30 часот. На натпреварот во салата „Круме Кепески“ правдата ќе ја делат Марија Илиева – Скопје и Силвана Карбеска – Скопје.